- Стејт департментот го додаде името на Доналд Трамп на Американскиот институт за мир во Вашингтон, каде што претседателот на САД ќе биде домаќин на потпишувањето мировен договор помеѓу Руанда и Демократска Република Конго. Институтот не е во надлежност на федералните власти.
- „Институтот за мир Доналд Трамп соодветно ќе го носи името на претседателот што за помалку од една година запре осум војни и ќе биде моќен потсетник што може да стори цврсто лидерство за глобалната стабилност“, изјави претставничката на Белата куќа, Ана Кели.
- Тврдењето на Трамп дека запрел осум војни е оспорено. Многумина светски лидери отворено го номинираа за Нобеловата награда за мир, но сепак не ја доби.
- САД во јуни посредуваа за смирување на војната во централна Африка откако бунтовници поддржани од Руанда упаднаа на територијата на ДР Конго и зазедоа два големи града.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.