Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп пред јапонската премиерка го спореди Иран со Перл Харбор

20 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Доналд Трамп пред јапонската премиерка го спореди американскиот ненадеен напад врз Иран со јапонскиот напад врз базата Перл Харбор во 1941 година, по кој САД влегоа во Втората светска војна.
  • „Кој подобро од Јапонија знае за изненадување? Зошто не ми кажавте за Перл Харбор?“, одговори Трамп на прашањето зошто Токио не бил информиран за плановите на САД за напад врз Иран.
  • Премиерката Санае Такаичи не ја коментираше на бизарната изјава на Трамп и се воздржа да го потсети како заврши војната – со двете атомски бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки.
  • Во ненадејниот јапонски напад врз американската поморска база на Хаваи во 1941 година загинаа 2.400 Американци. Атомските бомби што САД во 1945 година ги фрлија врз Хирошима и Нагасаки убија повеќе од 200.000 луѓе.

извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

АНБ со мирис на УДБА

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
7

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Падна режимот, но ЗНМ се неуморни

Пуштате ли малцинства на пешачки?

Постер два во еден

Првата голема победа на НАТО во Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy