Толку од примирјето во Иран
11 јуни 2026
- По речиси двомесечно почитување на прекинот на огнот, САД втор ден по ред бомбардираа цели во Иран. Гаѓале радарски системи, противвоздушни батерии, центри за дронови во четири ирански градови.
- Иран возврати со напади врз 18 американските воени цели во Кувајт, Јордан и Бахреин, вклучувајќи го и седиштето на Петтата флота во Манама.
- Трамп најави уште пожестоки бомбардирања затоа што Техеран одбива да преговара. „Утре ќе ги бомбардираме до урнатини“, се закани вчера Трамп.
- Трамп, исто така, изјави дека 200 танкери со 100 милиони барели нафта скришно поминале преку Ормускиот проток, заштитувани од американската морнарица. Тие поминале ноќе „на начин што Иран не може да го запре“, додаде шефот на Пентагон, Пит Хегсет.
- Револуционерната гарда на Иран денеска соопшти дека го затвора Протокот и дека ќе отвори оган врз секој брод што ќе се обиде да премине.