Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Тарифите на Трамп ги урнaа берзите

4 април 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Берзите на Вол Стрит го претрпеа најголемиот пад во изминатите пет години поради несигурноста на инвеститорите и очекувањата дека тарифите од Трамп ќе предзивикаат глобална трговска војна и висока инфлација и низ светот и во САД.
  • Индексот S&P 500 забележа загуба од 4,8%, на најлошиот ден по 2020 година, кога пандемијата на ковид-19 ја погоди економијата. Индексот Nasdaq изгуби 6%.
  • Падна вредноста на суровата нафта, на акциите на технолошките гиганти и на доларот во однос на другите валути, дури и на златото, кое неодамна достигна рекордно висока цена.
  • „Инвеститорите веќе знаеја дека Трамп ќе воведе царини и тоа се одрази со благ пад на акциите. Но, Трамп сепак ги изненади со најлошото сценарио“, објаснува инвеститорот Мери Ен Бартелс.
  • Швајцарската банка УБС не ја отфрла можноста дека тарифите може да скратат 2% од развојот на САД годинава и да ја кренат инфлацијата до 5%.
извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

4

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
5

Каков „малер на колото“ му пративме на НАТО

Македонски рулет
6

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
7

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
8

Седлоски: Не дека селекторот се вади, но факт е дека националните тимови во Б дивизијата се подобри

1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Работа 2.0

Трговска имагинација

Грк на денот

За човечката глупост

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy