- По повеќе од три години преговори Светската здравствена организација постигна договор за зајакнување на подготвеноста и заштитата на јавното здравје од нови пандемии, откако ковид-19 однесе милиони животи. Пактот е обврзувачки за членките.
- Клучен елемент од договорот е системот за итно споделување податоци за проблематични патогени. Вакцините развиени од пристапот до тие информации ќе се споделуваат на поправедна основа.
- Ќе бидат формирани Глобален синџир на снабдување и логистичка мрежа за правичен, навремен и достапен пристап до здравствени производи поврзани со пандемија.
- Во зависност од ресурсите, земјите треба да развијат национални планови за превенција - рутинска имунизација, управување со биолошките ризици во лабораториите, спречување на антимикробна отпорност и запирање на пренос на болести од животни на луѓе.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.