- Со прикажување уплатница од една банка во Скопје, адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се обидоа да му прикажат алиби на својот клиент за времето на убиството на Вања.
- Адвокатот на Палевски покажа уплатница од Халк банка од 27.11.2023, две фотографии, скриншот од Фејсбук, скриншот од Телеграм, отпусно писмо од „Аџибадем Систина“ од 16.07.2020, ургенција до Телеком од 16.09.2024 година.
- Обвинителката рече дека критичното време на кое се однесува уплатницата воопшто не е од интерес на оваа постапка бидејќи од презентираните видео записи за 27.11.2023 година од Сејф сити, е произлезено дека возилото „рено кангу“ управувано од Палевски на 27.11 во 10 часот веќе се враќа во седиштето на партијата Десна, а уплатницата е од 11.44 часот.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.