- Судот за меѓународна трговија на САД ги прогласи за нелегални царините од 10% што претседателот Доналд Трамп ги воведе во февруари како привремена мерка.
- Врховниот суд во февруари ги прогласи за нелегални глобалните царини што Трамп ги воведе лани. Тоа им овозможи на повеќе од 330.000 увозници да побараат од државата да им ги надоместат трошоците што им биле нелегално наметнати.
- Трамп уште истиот ден воведе привремени царини, повикувајќи се на Членот 122 од Законот за трговија од 1974 година, кој на претседателот му дозволува да воведе привремени царини до 15% во времетраење до 150 дена за да се справи со „големи и сериозни дефицити во платниот биланс“.
- Трговскиот суд сега пресуди дека објаснувањата што ги приложил Трамп не оправдуваат да се повика на овој Член.
- Администрацијата на Трамп најави дека ќе ја обжали пресудата, а веќе има спремно и „План Ц“ - да ги оправда царините врз основа на друг член, кој овозможува „реакција на нефер трговски практики“.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.