- Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов и го осуди на единствена казна од 3 години и 10 месеци затвор поради поседување и трговија со дрога.
- Судот ја преиначи и мерката за упатување во казнено-поправен дом му изрече затворска казна.
- Апелациониот суд во февруари го осуди Јованов на истата казна, но Врховниот суд во мај наложи ново одлучување по жалба на Обвинителството.
- Јованов веќе е осуден на 12 години затвор, откако во јануари со автомобил ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Тој ја призна вината.
- Хрватскиот Сабор изгласа законски измени што им овозможуваат на граѓаните пристап до своите редовни приходи без дополнителни трошоци.
- Банките нема да смеат понатаму да наплаќаат надоместок за отворање, одржување и затворање сметки, користење онлајн или мобилно банкарство, депонирање и подигнување готовина на шалтери или банкомати, издавање и користење дебитна картичка, плаќање со картичка во продавници и прилив на национални и прекугранични трансакции на плаќање во евра.
- Пензионерите и ранливите групи добиваат право да подигнуваат готовина без надомест и на шалтери и на банкомати.