Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Србија има нафта до Нова година

9 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Американските санкции за српската нафтена индустрија НИС ќе имаат „исклучително сериозни“ економски и политички последици, оцени српскиот претседател Александар Вучиќ.
  • Согласно санкциите за енергетските компании што соработуваат со Русија, Министерството за финансии на САД ја блокираше лиценцата за оперативно работење на НИС, која е 45% во сопственост на рускиот гигант „Газпром“. НИС снабдува со гориво 80% од српскиот пазар.
  • „Прашање е дали ќе го добиеме последниот танкер со нафта. Рафинеријата може да работи до 1 ноември. Потоа почнуваат проблемите со дериватите. Во вкупните резерви имаме 342.000 тони дизел и над 66.000 тони бензин. Резерви на мазут има за најмалку 120 дена. Електростопанството има 57 милиони тони мазут за една година. Во топланите во некои места нема доволно, но ќе обезбедиме мазут. Што се однесува до горивото, нема да има проблеми до Нова година. Сите складишта се полни“, рече Вучиќ.
  • Хрватска изрази спремност да ја купи Нафтената индустрија на Србија за да ѝ обезбеди континуитет во работењето, изјави министерот за економија Анте Шушњар.
  • „Многу сум среќен што се заинтересирани за купување на НИС, што значи дека им е грижа за Србија. И ние сме заинтересирани за купување на Хрватската електроенергетска компанија. Ќе им ја дадеме најдобрата понуда во светот, 50% повеќе од кој било друг, одговори Вучиќ.

извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Почина цајканот од сељаците

Музика
3

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
4

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
5

Наполи има нов тренер

6

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
7

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
8

ФИФА образложи зошто бил поништен голот на Хрватска

Фудбал
1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

3

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
4

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

5

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
6

Важна информација за битолчани

7

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

8

Европа се помирила со неизбежните патарини во Ормускиот проток

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Доручек за оние што сакаат да поспијат

Геј егзорцизам

Споменици и луѓе

Дечко, многу си згодна

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy