- Соларните инсталации во Кина за прв пат ги надминаа термоцентралите на јаглен како најголем извор на електрична енергија во земјата.
- Кинеската државна телевизија соопшти дека сончевата енергија сочинува 31,5% од вкупниот инсталиран капацитет за производство на струја.
- До крајот на јули, фотоволтаичните системи имаа инсталиран капацитет од 1.286 гигавати, додека капацитетот на електраните на јаглен бил 1.285 гигавати.
- Во вкупниот капацитет од 4.080 гигавати учествуваат и ветерниците со 685 гигавати, хидроцентралите со 425 гигавати, нуклеарните централи со 58 гигавати и централите на гас, нафта и други горива со околу 340 гигавати.
- Сепак, експанзијата на фотоволтаичните системи забавува поради промената во стандардите. Од летото минатата година Пекинг ги укина гаранциите за цените за проектите за соларна енергија и им овозможи на пазарните сили да ги одредуваат цените.
- Техеран ја обвини Европската Унија дека ја напуштила својата правна и политичка независност со тоа што се согласи со американските санкции против Иран. Ги предупреди земјите-членки дека ќе се соочат со последици.
- „Се чини дека ЕУ под американска принуда го предаде својот суверенитет, своите закони и прописи, своите вредности и својата етика“, објави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Исмаил Бакаи.
- Во 2018 година, како одговор на американските секундарни санкции за Иран, Брисел усвои Статут за блокирање, со кој отвори посебен канал за плаќање за да ја одржи трговијата со Иран.
- Осум години подоцна, Техеран бара од Европа да се придржува до сопствените правила.
- „Европската Унија не може да го поддржи економскиот тероризам на Вашингтон против Иран, а истовремено да тврди дека работи кон деескалација и воспоставување регионална стабилност“, додаде Бакеи.
- Бирото за демократија, човекови права и труд на Стејт департментот планира да вложи 4 милиони долари за зајакнување на десничарските медиуми во Европа, како дел од пакетот од најмалку 25 милиони долари за групи на граѓанското општество кои работат на конзервативни каузи во регионот.
- Три милиони долари се наменети за програма за „документирање и анализа на демократското уназадување во Европа во врска со масовната и нелегалната миграција, независниот медиумски пејзаж и законодавните агенди од наднационални субјекти“.
- Уште 1 милион долари се за создавање конзорциум од независни новинари кои ќе покриваат прашања како што се националниот суверенитет, природните права и верските слободи во Европа.
- Се очекува финансирањето да биде финализирано до крајот на септември.
- Администрацијата на Трамп во голема мера се оддалечи од традиционалната промоција на демократијата и човековите права, фокусирајќи се на економски и трговски прашања. Исто така, се залага за селективни каузи, особено оние поврзани со замолчување на десничарските политичари и конзервативните гласови на интернет.