- Во Лондон живеат повеќе од 350.000 руски државјани, и дисиденти и милијардери, кои претставуваат неколку илјади милијарди долари и фунти и разни други валути во кеш инектирани во британската економија.
- Речиси четвртина од станбениот простор во Лондон е руски, како и 60 отсто од имотите што вредат над 20 милиони фунти.
- Од руските бизнисмени со сиви пари живеат илјадници банкари, правни и други советници, адвокати, агенти за недвижнини, бодигарди, стилисти… до шофери и домашни помошнички.
- Израелските напади врз јужен Либан убија најмалку седум лица, вклучувајќи две деца, само неколку часа откако се објави дека е постигнат договор за прекин на огнот.
- Ден пред договорот, Израел и Хезболах се маваа јако: загинаа 47 луѓе во Либан и четворица израелски војници.
- Инаку, двете страни рекоа дека ќе го почитуваат договорот.
- Договорот меѓу САД и Иран бара прекин на воените операции во Либан и почитување на неговиот суверенитет но ни Израел ни Хезболах не се потписници на тој договор.
- Истражувачи од израелскиот универзитет Технион успеаја првпат во реално време да регистрираат оптички фазни сингуларитети - точки на тотална темнина во сноп светлина, што се движат побрзо од самата светлина.
- Бидејќи овие точки не носат маса или информации, нивното движење не ја нарушува Ајнштајновата теорија за релативност.
- Користеле напреден електронски микроскоп и материјал (hexagonal boron nitride) за забавување на светлосните бранови (над сто пати побавно отколку во вакуум), забавување кое им дало можност да испитуваат настани кои инаку би биле пребрзи и премали за следење.