- Според првиот човек на Комората за енергетика Ѓорѓи Манасков, ветувањата на министерот за економика Крешник Бектеши дека струјата ќе поскапи најмногу до 10% , се целосно неосновани.
- „Одговорно тврдам дека ситуацијата со економската криза веќе е избегана од контрола. Единствен излез е Министерството за економија да предложи начин кој ќе им даде зелено светло на лиценцираните снабдувачи на струја да обезбедат што е можно пониски цени и потребна енергија за граѓаните и за стопанството. Сите други опции се невозможни” вели Манасков.
- Според даночниот советник Славко Лазоски, намалувањето на ДДВ за струјата не е мерка со која се решава енергетската криза и се заштитуваат граѓаните, туку токму спротивното - најпогодени се граѓаните и тоа оние со средни и ниски примања.
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.