- Во Британија се разгледуваат препораките за штедење енергија што треба да ја олеснат очекуваната енергетска криза за зимава.
- Една од препораките е користењето на машини за алишта и за садови да биде меѓу 14 и 20 часот, а со готвење храна да не се почнува пред 20 часот.
- Полнењето електрични возила не треба да биде пред 21 часот.
- Училишната недела да се намали на 3 дена, плус да се измешаат паралелките за да се намали бројот на училници што се греат.
- Последната нарачка во баровите да биде 20:30, а до 21 веќе да бидат затворени.
- Од први март следната година започнува со работа новиот систем за наплата на патарини на сите автопатишта во Хрватска.
- Во моментов се поставени 120 портали а вкупно ќе ги има 212.
- Секој портал има опрема за автоматско откривање и идентификација на возила, вклучувајќи камери, сензори и комуникациски модули и овозможува наплата на патарина без запирање на возилото, што го зголемува протокот на сообраќај.
- Претходно возилото треба да биде најавено во системот.
- Ние ќе си тераме со куќички насред автопат.
- Експериментот во кој вештачка интелигенција изразила „неподносливо страдање“ предизвика дебата во врска со свеста на машините.
- Антропик планира да забрани „малтретирање“ на својот чет-бот, Клод, верувајќи дека e можно да настане и да се развие свест кај вештачката интелигенција.
- Од една страна, поддржувачите на „добробитта на вештачката интелигенција“ сметаат дека ова е разумна морална обврска што поттикнува побезбедна коегзистенција.
- Од друга, критичари предупредуваат дека припишувањето на свест на машините ја префрла одговорноста од корпорациите на самиот софтвер, создава услови за манипулација со луѓето и претставува катастрофална закана за општеството и човековите права.
-