- Автопатот што ќе се гради од Скопје до близина на граничниот премин Блаце ќе чини 186,7 милиони евра за изградба на делница од 10 километри.
- Европската банка за обнова и развој обезбедува заем од 167,6 милиони евра под гаранции од државата, a ќе се кофинансира со 20,8 милиони евра инвестициски грант од ЕУ.
- Долгот ќе го исплаќаме 16 години.
- Европската Унија е подготвена од јули да почне преговори за сите области од пристапниот процес со Украина и со Молдавија, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос.
- Оценила дека дека процесот на проширување значително се забрзал и дека во последните месеци е постигнат поголем напредок отколку во претходните 15 години.
- Во Луксембург ќе се одржи и меѓувладина конференција со Црна Гора, на која земјата треба да затвори уште две преговарачки поглавја – слободно движење на работници и заштита на потрошувачите и здравјето.
- Во меѓувреме, Унијата работела на нов пакет санкции против Русија.
- Освен што е во војна, Украина лошо стои со корупцијата а Молдавија е полошо рангирана и од Македонија според последниот Corruption Perceptions Index на Транспаренси.
- Мариус Борг Хоиби, најстариот син на норвешката крунска принцеза Мете-Марит, е осуден на четири години затвор поради обвиненија за силување на две жени во 2018 и во 2024 година.
- Суд во Осло го ослободи од обвиненија за силување на две други жени. Против него беа покренати вкупно 38 обвинувања за силувања, насилство врз поранешна партнерка, за смртни и други закани, поседување дрога и сообраќајни прекршоци.
- Хоиби (29) бил на возраст од четири години кога неговата мајка се венчала со престолонаследникот Хакон. Нема титула ниту службени должности, но практично израснал во кралското семејство и пресудата е силен удар врз угледот на норвешката монархија.
- Адвокатите бараат Хоиби да биде ослободен од притвор за да може да помине повеќе време со својата тешко болна мајка, која страда од пулмонарна фиброза и од неодамна е на списокот за трансплантација на бели дробови.