Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Се судрија американски танкер и товарен брод кај брегот на Англија

10 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Американски танкер што пренесувал гориво за авиони се запали по судир со товарен брод што носел 15 контејнери со токсичен натриум цијанид во Северно Море покрај брегот на англискиот регион Јоркшир.
  • Евакуирани на брегот се сите членови на екипажот на американскиот танкер „Stena Immaculate“ и на товарниот брод „Solong“ што пловел со португалско знаме. 
  • „Stena Immaculate“ е на списокот од 10 танкери што САД на повик ги користат за транспорт на гориво за американски воени сили за време на оружени судири или за вонредни состојби. Не е потврдено дека танкерот бил во таква мисија кога испловил од грчко пристаниште во Егејско Море на пат кон  англиското пристаниште Хал. 
  • „Solong“, со капацитет да пренесува 9.500 тони контејнери, пловел за Ротердам.

извор

Почина Гоце Тодоровски

27 јули 2026
  • Share
  • Post
  • На 75-годишна возраст почина легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски.
  • По завршувањето на ФДУ во класата на професорот Илија Џувалековски, глумеше во Драмскиот театар во Скопје, во кој одигра десетици улоги во „Болва во уво“, „Чија си“, „Солунски патрдии“, „И бол и бес“, „Џинот“...
  • Неговото име останува силно врзано за култните „Македонски народни приказни“, во кои преку своите незаборавни ликови ги промовираше народното творештво и македонската традиција.
  • Остави силен печат и во телевизиските серии „Бушава азбука“, „Итар Пејо“, „Булки кај шините“, „Трст виа Скопје“ и во филмовите „Среќна Нова ’49“, „Викенд на мртовци“, „Црвениот коњ“... Беше дел од сатирична радио-емисија „Хихирику“.
  • Тодоровски е добитник е на бројни награди. Лани ја доби државната награда „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста.
извор

Исламистички напад врз Парадата на гордоста во Берлин

26 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Германската полиција трага по исламистичкиот екстремист Абдул Б., кој синоќа со комбе влета во толпа на Парада на гордоста во парк во центарот на Берлин. Едно лице загинало, а 16 се повредени, вклучувајќи тројца во критична состојба.

ЕДИТ: Напаѓачот Абдул Балут, 21-годишен германски државјанин со либанско потекло синоќа, бил смртно застрелан во берлинската населба Шпандау, по 20-часовна потрага во која биле вклучени 2.000 полицајци.

  • Осомничениот имал полициско досие поради поврзаност со исламистички кругови. Во мај бил пуштен од поправен дом за малолетници. 
  • Се истражува и дали во нападот учествувале и други лица, кои биле заедно со Абдул во комбито. Неколкумина од повредените имале рани од убоди со нож, а сведоци пријавиле дека виделе маж кој носел мачета.
  • Во потрагата се вклучени службите за безбедност во Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Австрија, Швајцарија, Чешка, Полска и Данска.

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ѓоко, нека ти е вечна слава

Македонски рулет
2

Успешната приказна на Полска заглави во долгови

Свет
3

Бугарска пропаганда во .мк руво

4

Пророкот Маск: ВИ ќе царува, Британија ќе војува

Свет
5

Внукот светски првак, дедото горд

Фудбал
6

Три промили во голманот е доволно за пораз

Балканштина
7

Најглупаво загубен натпревар во Конференциска лига

Фудбал
8

Исламистички напад врз Парадата на гордоста во Берлин

1

Успешната приказна на Полска заглави во долгови

Свет
2

Бугарска пропаганда во .мк руво

3

Пророкот Маск: ВИ ќе царува, Британија ќе војува

Свет
4

Исламистички напад врз Парадата на гордоста во Берлин

5

Украина нападна ирански трговски брод

6

Фаучи бил бизарно фиксиран на својата слава

Свет
7

НАТО е заробен во Студената војна

Мислења
8

Се гаси „Портата кон пеколот“ во Туркменистан, се отвори друга во Венецуела

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Три промили во голманот е доволно за пораз

Балканштина

Уште инфлуенсер фали

Македонштина

Некои скопјани се плашат на англиски

Македонштина

Народска двојазичност

Балканштина

Адидас лајкс дис

Разно

Македонија до Масачусетс

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Вака завршува Западот

Гаси цигарата, стоко со жолти заби!

Како да пиете за Нова Година а да не бидете "оној кој се уби"

Дојранско риалити

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy