- Амазон најави гаснење на глобалниот систем за рангирање сајтови и анализа на конкуренцијата кој беше во функција 25 години.
- Алекса работеше на основа на посредни информации (од спунт) и често даваше нереални резултати што предизвикуваше каша-попара на многу незрели интернет пазари каков што е македонскиот.
- Алекса ќе биде угасен на 22 мај 2022 година а за да биде иронијата на јако, платформата се гази заради слаб ранг.
- Извозот на нафта од Персискиот Залив во изминатата недела бил во просек над 24 милиони барели дневно, надминувајќи го предвоеното ниво од 23,3 милиони барели, според податоци на компанијата Kpler.
- Со танкери преку Ормускиот теснец, вклучувајќи ги и претоварите на отворено море, поминувале по околу 14 милиони барели на ден, што е 82% од нивото пред војната.
- Во септември околу 40% од суровата нафта од Заливот се извезувала преку нафтоводи на копно, за разлика од 17% во времето пред САД и Израел да му објават војна на Иран.
- Трговците предупредуваат дека оваа стабилизација не е одржлива, бидејќи Трамп веќе се закани со уште пожестоки напади врз Иран кога ќе завршат изборите за Конгресот во САД во ноември.
- Се очекува цената на барелот нафта на светските берзи да се задржи над 100 долари - и поради зголемената побарувачка и поради тоа што транспортерите сега го наплаќаат и ризикот од блокада или ракетирање на бродовите.
- Франција ќе распореди војници низ градовите заради поддршка на полицијата на новите протести најавени за в сабота. „Распоредувањето ќе биде масовно“, изјави премиерот Себастијан Лекорну.
- Владата призна низа слабости во реакцијата на службите за безбедност на нередите во саботата: пропусти во разузнавањето, погрешни тактики, статични полициски единици и одлуката да не се укинат отсуства во полицијата.
- Лекорну ги обвини екстремните левичарски групи за насилството. За палењето на историската Градска куќа во Лимож е уапсен 34-годишен член на ултралевичарска група, кој веќе бил под полициски надзор.
- Од саботата, уапсени се 2.300 луѓе, од кои 149 веќе се осудени на затворски казни поради насилство, кражби или оштетување на имот.