Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД ги укинаа санкциите за Франческа Албанезе

21 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • САД ги укинаа санкциите за Франческа Албанезе, специјалната известувачка на Обединетите нации за палестинските територии, која ја критикуваше израелската војна во Газа и ја оцени како како „геноцид“.
  • Администрацијата на Трамп лани ѝ воведе санкции на Албанезе, поради нејзината препорака до Меѓународниот кривичен суд да покрене истраги за воени злосторства против израелски и американски државјани и компании во врска со кампањата на геноцид во Газа.
  • Ѝ забранија пристап во САД и ѝ ги блокираа сите сметки.
  • Нејзиниот сопруг и ќерката, која е државјанка на САД, ја тужеа администрацијата на Трамп во февруари. Федерален судија на 13 мај привремено ги блокираше санкциите.
  • Окружниот судија Ричард Леон заклучи дека „престојот на Албанезе надвор од САД не ја поткопува нејзината заштита според Првиот амандман од Уставот на САД“ и дека „администрацијата на Трамп се обидела да го регулира нејзиното право на говор поради „искажаната идеја или порака“.
извор

Унгарија го укина статусот „бегалец“ на обвинет полски екс-министер

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Новата унгарска влада го укина статусот на бегалец на поранешниот полски министер за правда Збигњев Зјобро и на неговиот заменик, кои избегаа во Будимпешта откако во својата земја беа обвинети за за злоупотреба на службената должност.
  • Поранешниот премиер Виктор Орбан им додели азил на Зјобро, неговата сопруга и на заменикот Марчин Романовски, кој исто така е соочен со обвинение.
  • Зјобро и Романовски се соочуваат со обвиненија за злоупотреба на пари од фонд за помош на жртвите на криминал. Тие ги отфрлаат обвиненијата и тврдат дека се жртви на политички „лов на вештерки“ бидејќи истражувале злоупотреби од страна на луѓе блиски до сегашниот полски премиер Доналд Туск.
  • Двајцата веројатно повеќе не се во Унгарија. На 9 мај - денот кога новиот унгарски премиер Петер Маѓар положи заклетва – Зјобро бил забележан на аеродром во САД, а не е познато каде се наоѓа Романовски.
извор

Папата прогласи 600.000 верници за расколници

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Папата Лав XIV екскомуникацира шест бискупи од Братството на Свети Пиј X, со што го официјализираше расколот со ова традиционалистичко католичко движење со 600.000 членови ширум светот.
  • Братството целосно ги отфрла длабоките реформи во Католичката црква од Вториот ватикански собор (1962–1965). Во средата во Швајцарија без одобрение од папата ракоположи четворица нови бискупи за да има доволно високи великодостојници кои ќе ја предводат групата.
  • „Свештениците од Братството на Свети Пиј X вршат чин на шизма. Верниците-лаици кои му пристапуваат мора да се сметаат за расколници“, се вели во декретот на Дикастеријата за доктрина на верата. 
  • Папите со децении се обидуваат да ги нормализираат односите со оваа група. Папата Франциско дури повторно им дозволи да исповедаат верници во име на Црквата. „Лав оцени дека дојде време да запре попуштањето и да се испрати цврста порака“, изјави Елизе Ален, авторка на биографија на папата.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Готово, Мексико го освои Светското

Навивачи
2

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
3

Важна информација за битолчани

4

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
5

Почина цајканот од сељаците

Музика
6

Мајка

Балканштина
7

Европски аеродроми и авиокомпании бараат суспензија на системот за влез/излез

8

Реал не чека многу, го зема најдобриот тренер во Европа сезонава

1

Важна информација за битолчани

2

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
3

Европски аеродроми и авиокомпании бараат суспензија на системот за влез/излез

4

Источна Германија, земја на празни градинки

Разно
5

Македонија се фали колку пари двоела за НАТО

6

Трамп ја ограби Венецуела, сега очекуваат да ја спасува

Свет
7

Лабораториите за ВИ отпуштаат програмери, вработуваат филозофи

Технологија
8

Oд неоргански материјал создале „речиси жива“ клетка

Наука
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Разно

Македонска реклама не мора да биде глупа

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Што вака подуени?

Земјата порано позната како поранешна југословенска република Македонија

Хајка по килограмите

Да се пазиме од полицајците на нашите мисли

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy