- Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, порача дека снабдувањето со гас преку Северен тек 1 нема да продолжи се додека „колективниот Запад“ не ги крене санкциите против Москва.
- Иако до сега Русија се вадеше на технички проблеми со опремата, ова е прв пат Кремљ директно да побара укинување на санкциите во замена за пуштање гас.
- Објавата следуваше неколку часа откако членките на Г7 објавија дека се подготвени да воведат ограничување на цената на руската нафта.
- Илон Маск во понеделникот заработил 164,8 милијарди долари од скокот на акциите на SpaceX и сега има 1,3 билиони долари.
- Само со парите што ги добил од двата дена на тргувањето со акциите на SpaceX (околу 300 милијарди), тој би бил најбогатиот човек на светот.
- Почетната вредност на акциите на SpaceX беше 135 долари. Во петокот скокнале за 19%, а во понеделникот за уште 19,5% и стасаа до 192 долари. Ако стигнат до 203 долари, вредноста на SpaceX ќе биде поголема од Амазон (2,6 билиони), а ако стасаат до 230 долари ќе го надмине и Микрософт (2,97 билиони долари).
- Инвеститорите предупредуваат дека проценетата вредност на SpaceX е близу 100 пати повисока од реалните приходи, со раст од 15% во изминатиот квартал. Компанијата не пријави профит, туку загуби од 4 милијарди долари, но сепак привлекува инвестиции.
- ЕУ во април имала трговски дефицит со Кина од 31,9 милијарди евра, што е рекордна сума за еден месец, според Евростат.
- Проценките се дека дефицитот во мај и во јуни ќе биде повисок кога ќе пристигнат резултатите.
- Европските лидери в четврток ќе разговараат за мерки за справување со растечкиот трговски дисбаланс, главно поради засилен увоз на кинески електрични автомобили и фабрички компоненти.
- Европската комисија предложила неколку опции. Нема политичка поддршка во блокот за воведување царини, па поверојатна опција е воведување квоти за увоз на кинески хемикалии и хибридни автомобили.
- Хсинхуа минатата недела објави дека околу половина од извозот на Кина се компоненти кои значително ги намалуваат производствените трошоци за фабриките во ЕУ.