- Да, убавината дојде од запад. И таа навистина ќе го спаси светот. Сеедно што грдотијата постојано става сопки. А грдотијата, тоа се сите оние што не се меѓународна заедница. Оние што не се Европа и Северна Америка. Односно четири петтини од планетата. Значи малцинството. Најгрди се Словените. А кај нив најгрди се Русите.
- Русите ја создадоа шпанската инквизиција. Ги истребија домородците од американскиот континент и воведоа робовладетелство. Создадоа муџахедини и талибани. Започнаа Втора светска војна. Спроведоа холокауст врз Евреите. И така ги присилија мирољубивите германски нацисти да тргнат во офанзива на Русија.
- Најголем проблем, смртен непријател на западната цивилизација, американската демократија и европските вредности е вистината. Нема ништо поодвратно од вистина, таа декадентна појава што не можеш едноставно да ја бомбардираш како Авганистан, Ирак, Сирија или Либија, ама мораш по секоја цена да ја уништиш, оти ако само еднаш ти влезе во срцето, ќе почнеш да ја бараш правдата.
- Француски апелациски суд ја потврди вината на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од ЕУ, но ѝ ја скрати забраната за извршување јавна функција од 5 години и ѝ остави можност да се кандидира на претседателските избори идната година.
- Судот ѝ изрече 30 месеци условен затвор, кој веќе го отслужи, и 15 месеци носење електронска алка за следење, што може да ѝ направи сериозни логистички проблеми за време на предизборната кампања.
- Судија дополнително ќе ги одреди часовите кога таа може да биде отсутна од својот дом и да ѝ го ограничи движењето. Ле Пен би можела да побара алката да ѝ биде отстранета по неколку месеци поради добро однесување.
- Соочена со вакви ограничувања, на лидерката на француската десница ѝ останува самата да одлучи дали ќе се кандидира. Ако реши да се повлече, кандидат на десницата ќе биде нејзиниот заменик и политички наследник Жордан Бардела. И двајцата, според досегашните анкети, би освоиле најмногу гласови во првиот круг од изборите в година.
- Казната за Ле Пен произлегува од обвиненијата дека функционери од нејзината партија Национален собир злоупотребиле средства од Европскиот парламент наменети за асистенти. Таа ги отфрла обвинувањата и тврди дека е жртва на политички прогон за да биде елиминирана од трката за претседател.
- Литванија, поранешна советска република и сегашна членка на НАТО, ќе ја укине забраната за поставување нуклеарно оружје на нејзина територија за да се интегрира во западниот одбранбен систем за одвраќање на Русија.
- „Геополитичката ситуација се влошува. Нашиот Устав беше напишан во време кога геополитичките околности беа сосема поинакви“, изјави претседателот Гитанас Науседа.
- Набрзо потоа група од 50 литвански пратеници поднесоа предлог-амандман на Уставот за да ја овозможат промената на стратегиската определба. За да се усвои, неопходно е да добие поддршка од двотретинско мнозинство пратеници на две гласања во период од три месеци.
- Парламентот на Финска во јуни изгласа целосна забрана на нуклеарно оружје за да се усогласи со политиката на одвраќање на НАТО, по приклучувањето кон Алијансата во 2023 година. Законот овозможува внесување, транспорт, чување или поседување нуклеарно оружје, доколку тоа го налага нејзината воена одбрана.