Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Русјаков: Квака 27

30 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Сите го обвинуваат системот. Секогаш сум скептичен кога вината се посочува кон апстрактен поим. Вообичаено, оние што го обвинуваат системот се апстрахираат од него. Од друга страна, обидите да се наметне колективна вина најчесто одат во корист на оние што се навистина виновни.
  • Да, изгубивме шеесет млади животи во стравична трагедија до која дојде поради неколкудецениско подривање на системот преку политички и административен криминал и корупција, ама и среде колапсот што го сведочевме, неоспорен факт е дека здравствените работници, кои функционираат во невозможни услови на распаднато здравство, без персонал и основни средства за работа, успеаја да спасат, за почеток сами, по самата трагедија, а потоа со помош на своите колеги од други земји, над двесте и педесет пациенти во тешка клиничка состојба.
  • Знам, оние што сега протестираат нема да се согласат со мене. Имам чувство дека би го исправале системот селективно, ако го тврдат спротивното. Велат дека сега се прелеа чашата, иако во последните десет години имавме навистина доволно ужаси да експлодира истата таа чаша. Побараа оставка на целата влада. Немам проблем со тоа, ама што потоа? Ќе одиме на нови избори каде што ќе ја артикулираат своја политичка визија, оти велат дека не се со ниту една партија? Тоа ми е сосема во ред, па народот нека оцени, ама некако ми се чини, можеби грешам, дека повеќе одат накај идејата за експертска влада. А експертска влада не е демократија, оти тие експерти никој не ги гласа.
извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

4

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
5

Каков „малер на колото“ му пративме на НАТО

Македонски рулет
6

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
7

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
8

Седлоски: Не дека селекторот се вади, но факт е дека националните тимови во Б дивизијата се подобри

1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ова е спот бе клошари

Го знате ли Фридкиновиот парадокс?

Начисто ги утепавме децава

Три златни правила на дебатирање

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy