Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Пуцко нема да може да гради бензинска кај базен Карпош, за сега

12 јануари 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Уставниот суд ја „замрзна“ изградбата на бензинската пумпа на „Пуцко Петрол“ во Карпош и воведе времена мерка со која на Општина Карпош и се забранува да презема какви било активности околу овој ДУП.
  • Одлуката за овој план пред Уставниот суд ја оспори скопјанката Наташа Шурбановска која смета дека изградба на бензинска пумпа на оваа локација е спротивна на Генералниот урбанистички план.
  • За претседателката на Уставниот суд очигледно е дека изградбата на бензинска пумпа во ДУП-от на Карпош е спротивна на генералниот урбанистички план каде што за категорија Е, во која влегуваат и бензинските пумпи, не е предвидено ниту еден ваков објект.
  • Пуцко петрол како една од најмоќните нафтени компании во Македонија, последниве 10 години склучила тендери со државни институции и компании во вредност од над 100 милиони евра. Тие исто така за бензинската го добија Карпош на суд за отштета од 2,5 милиони евра.
  • Во Карпош, Пуцко е сопственик и на земјиштето на поранешна Алумина, 42.000 метри квадратни, кое во 2020 го купи за 24 милиони евра.
извор

Астронаутите од Артемис 2 се вратија живи и здрави

11 април 2026
  • Share
  • Post
  • Четворицата астронаути на НАСА утрово безбедно се спуштија на Земјата, по десетдневната мисија Артемис 2 околу Месечината.
  • Нивната капсула „Орион“ ги издржа огромните температури од брзото навлегување во земјината атмосфера и се спушти со падобран во Пацификот, покрај брегот на Калифорнија.

  • „Стабилни сме“, објави командантот на мисијата Рид Вајзман. Тој и другите астронаути – Виктор Гловер, Кристина Кох и Канаѓанецот Џереми Хансен, ќе поминат низ неколкудневни детални медицински прегледи. 
  • При влегувањето во атмосферата, екипажот леташе 32 пати побрзо од звукот (побрзо од кој било човек досега), а нивната капсула беше изложена на температура од 2.760 Целзиусови степени – практично беше обвиткана во оган, поради што во критични 6 минути немало никаков контакт со Контролата на мисијата. Падобраните ја намалиле брзината на слободниот пад на 25 километри на час.
  • При мисијата за обиколување на Месечината, екипажот на НАСА стаса  406.778 километри од Земјата, подалеку од кој било човек досега, и направи детални снимки од нејзината „скриена“ страна. 
  • НАСА в година ќе ја спроведе мисијата Артемис 3, во која ќе тестира екипаж со лендери во орбита, како конечна подготовка за мисијата Артемис 4, кое опфаќа спуштање астронаути на Месечината, прв пат по 1972 година. Во трка е со Кина, која планира да испрати свои „таиконаути“ на Месечината до 2030 година.

извор

Новиот шенгенски систем создаде километарски колони за влез во Хрватска

10 април 2026
  • Share
  • Post
  • Новиот европски систем за влез и излез (EES – Entry/Exit System) во земјите од Шенгенската зона создаде километарски колони на границите на Хрватска со Србија и Босна и Херцеговина.
  • ЕЕС почна да се применува од ноќеска на полноќ. За државјаните од земјите од Шенгенската зона нема никакви промени, но од оние од третите земји на границата задолжително се земаат биометриски податоци и дигитално се внесуваат во база на податоци, наместо да се удираат печати во пасошите.
  • Колоните за влез во Хрватска биле дополнително зголемени поради продолжениот викенд и велигденските празници во Србија.
  • На граничниот премин Бајаково биле формирани пет километарски колони од возила, во кои патниците за влез во Хрватска чекале по два часа.
  • На граничните премини кон Босна и Херцеговина се чекало по најмалку еден час.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Жељко им кажа со време

Балканштина
2

По поразот од надворешниот непријател, Трамп отвори војна против внатрешниот

Мислења
3

Новиот шенгенски систем создаде километарски колони за влез во Хрватска

4

Димитријевиќ му се одмазди на тимот кој не веруваше во него

Кошарка
5

Кого би блокирал Гоце на Фејсбук?

Балканштина
6

Не е доцна да се преиспитаме

Балканштина
7

Бугарски роботи се вклучија во предизборието

Балканштина
8

Јаки трпези, јаки амини

Македонштина
1

По поразот од надворешниот непријател, Трамп отвори војна против внатрешниот

Мислења
2

Новиот шенгенски систем создаде километарски колони за влез во Хрватска

3

Астронаутите од Артемис 2 се вратија живи и здрави

4

Примирјето во Иран им донесе уште 90 милијарди на најбогатите во светот

Бизнис
5

Израел го уценуваше Клинтон со Левински, којзнае што имаат за Трамп

Мислења
6

Како го натераа Трамп во војна со Иран

Свет
7

Меланија Трамп: Немав никакви врски со Епстин

8

Сајбер-криминалци лани украле 21 милијарда долари од Американците

Интернет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Жељко им кажа со време

Балканштина

Бугарски роботи се вклучија во предизборието

Македонштина

Јаки трпези, јаки амини

Балканштина

Не е доцна да се преиспитаме

Балканштина

Шефе, каде да го ставиме знакот за децата?

Македонштина

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Мешај ни, дебела жено холандска

Не, апчињата немаат очи

Зошто Библијата е толку лошо напишана?

А нам Иван ни се падна

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy