- Новиот германски канцелар Фридрих Мерц на првиот работен ден ги повика партнерите од Европската Унија да издвојуваат повеќе пари за одбрана.
- „Само на овој начин можеме постепено да ги затвориме дупките во одбранбените капацитети и да обезбедиме континуирана воена поддршка за Украина“, изјави Мерц при посетата на Париз.
- Канцеларот Мерц и претседателот Емануел Макрон ветија „нов почеток на Европа, задвижен од германско-француската соработка“.
- Ројтерс во исто време јави дека министерот за одбрана Борис Писториус бара значително зголемување на воениот буџет на Германија на над 60 милијарди евра. Буџетот за одбрана лани беше 52 милијарди евра.
- Излегував од кино, кога слушнав реченица: „Филмов беше срање“. Филмот навистина беше лош, филмска катастрофа, ама никој не рече „катастрофа“: младите луѓе се навикнати да го користат зборот „срање“ за секоја ситуација што не е пријатна. Ако имаат проблем со законот, се степале па дошла полиција, велат „настанаа срања“ (множина).
- Повеќемина пријатели ми забележаа дека укажувам само на РАЗЛИКИТЕ, а не и на сличностите меѓу стариот изумрен и новиот прекрасен свет, меѓу светот на мојата и светот на младите генерации. Затоа, во оваа колумна тврдам: ако нешто остана исто и во вчерашниот изумрен и во сегашниот прекрасен нов свет, ако нешто преживеа – тоа е овој збор. „Срање“.
- Не само зборот туку и нештата што се означуваат со него. Еден вид константа на световите, без разлика кој владее со нив.
- Астронаутите на Артемис II кои сега се наоѓаат поблиску до Месечината отколку до Земјата, се соочуваат со многу овоземен проблем: нужникот не им работи.
- Проблемите настанале веднаш по полетувањето а од тогаш тоалетот те работи, те не работи.
- Астронаутите пријавиле непријатен мирис а капетанот на посадата уверува дека се добро и дека се тренирани за разни предизвици.
- Дописни водоводџии на НАСА претпоставуваат дека мраз ја има заглавено одводната цевка.