Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Примирје за Иран – пекол за Либанците

9 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На денот кога САД и Иран прогласија двонеделно примирје, Израел изврши досега најжестоки напади врз Либан – загинаа најмалку 254 луѓе и 837 беа ранети. Израелските сили бомбардирале повеќе од 100 цели на Хезболах во Бејрут и во јужен Либан.
  • „Размерот на нападите е ужасен. Овој масакр, во рок од неколку часа по согласувањето за прекин на огнот со Иран, е неверојатен. Ова е огромен притисок врз кревкиот мир, кој им е толку очајно потребен на цивилите“, изјави шефот на ОН за човекови права, Фолкер Турк.
  • Техеран предупреди дека ќе се повлече од договорот ако продолжат израелските напади врз Либан.
  • Израел тврди дека примирјето не се однесува за Либан, спротивно на соопштението од Пакистан, кој посредуваше во преговорите помеѓу САД и Иран и прв го објави договорот. Трамп првично не коментираше, но подоцна изјави дека израелските акции во Либан се „одделен конфликт“.
  • Либан е единствената земја од регионот што не истрелала ниту еден куршум во војната, а трпи огромна штета. Повеќе од 1,1 милион луѓе се насилно раселени, и многумина живеат на улица. До завчера, според либанското Министерство за здравство, од израелските бомбардирања загинале повеќе од 1.530 луѓе, а 4.812 биле ранети.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

АНБ со мирис на УДБА

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
7

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Откривачки виц на денот

Зошто вагина што сквирта е поофанзивна од пенис што ејакулира?

Бжежински нè напушти, муџахедините ни останаа

Јазик за прецизно разбирање

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy