- Пријавувањето оди на меил - info@lajka.com.mk - или на телефон: 02/256 58 59.
- Стерилизацијата е бесплатна и целата процедура ја брка Ј.П. Лајка, ти само треба да пријавиш куче од соседството што уште не е стерилизирано.
- Од Лајка објаснуваат дека освен контрола на бездомната популација на кучиња самото стерилизирање има здравствени бенефити за кучето.
- Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Македонија“ поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
- Се наведува дека тој не постапил согласно одлуките на Управниот одбор за исплата на обврски кон две правни лица. И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.
- Со тоа оставил простор овие да поведат судски постапки кои ги добиле па штетата за Пошти на основ на исплата на затезни камати е речиси 11 милиони денари.
- Владата на САД би можела да блокира ботови со ВИ ако утврди закана дека може да предизвикаат смрт на повеќе од 50 луѓе или штета повисока од 1 милијарда долари.
- Ова е предлогот на Антропик во нацрт-закон за „безбедност“ на вештачката интелигенција, поднесен до Конгресот на САД.
- Сè што е подолу од овие граници би се толерирало како „разумна политика“.
- Проценетиот ризик од моделот со ВИ би морал да произлегува од дизајнирање или создавање на биолошко оружје, кибернетски напад или бегање на агент со ВИ од контрола на лабораторијата во која се развива.
- Ризикот би го проценувале „независни евалуатори“, регистрирани во Министерството за трговија, при што е оставена можноста за нивните услуги да плаќа лабораторијата во која вршат увид.