- Мнозинството обвинители го одбраа Ислам Абази за шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, притоа не им пречеше што тој не понуди никаква програма за работа.
- Абази е од Зајас од каде е и Али Ахмети за кого вели дека го познава само како соселанец.
- Имал работено на конфискација на запленет но нема речиси ништо со корупција и со организиран криминал.
- Биографијата на Абази на судскиот портал е скромна и содржи само 35 пресуди и судски одлуки. Меѓу другото, го тужел обвинителството за дневници.
- Една од повпечатливите пресуди со негово име е кога гонел кичевчанец за кражба на 1,2 кубни метри дабово дрво и успеал да ја докаже вината.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.