- Багери почнаа да уриваат дел од Источното крило на Белата куќа за да почне изградбата на Салата за бал, за која претседателот Доналд Трамп собра 250 милиони долари од приватни донации.
- „Поставен е темелот изградба на новата, голема, прекрасна сала за бал во Белата куќа... Повеќе од 150 години секој претседател сонувал да има сала за бал во Белата куќа за да смести луѓе за големи приеми и државни посети. Чест ми е што сум првиот претседател што конечно го започна овој многу потребен проект - со нула трошоци за американскиот даночен обврзник! Салата за бал во Белата куќа е приватно финансирана од многу дарежливи патриоти, големи американски компании и, искрено ваша. Оваа сала за бал со задоволство ќе се користи за генерации што доаѓаат“, порача Трамп.
- Источното крило е изградено во 1902 година и последен пад било реновирано во 1942. Трамп планира да организира гала-бал во новата сала пред да му заврши мандатот во 2028 година. Проектот е на архитектонската куќа „Мекрири“, а за градежните работи е избрана фирмата „Кларк констракшн“.
- По 103 премиери, Јапонија прв пат во својата историја ќе има премиерка - лидерката на конзервативците Санае Такаичи. Ја нарекуваат „Јапонската Железна Дама“, бидејќи се восхитува на политиките на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.
- Такаичи го води „тврдото“ крило на владејачката Либерално-демократска партија и му беше штитеничка на поранешниот премиер Шинзо Абе. Беше изгласана во двата дома на парламентот, во кои ЛДП има тесно мнозинство.
- Приоритети на нејзината влада ќе бидат задвижување на економијата, обединување на партијата погодена од скандали и меѓусебни пресметки и подобрување на односите со САД. Доналд Трамп веќе ѝ честиташе кога беше избрана за партиски лидер. Ја опиша како „високо почитувана личност, со голема мудрост и сила“.
- За тоа како Санае Такаичи стигна од бубњарка и моторџика до премиерската функција пишувавме тука.