Почнаа по старо
26 февруари 2021
Во досегашните проверки на системот се откриени над 4.500 лажни корисници на социјална помош.
Премиерот Мицкоски изјави дека меѓу лицата за кои државата исплаќала средства имало починати лица, иселени граѓани, но и фиктивни корисници.
Тој процени дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.
Проверките сè уште не се завршени. Останува да бидат проверени уште приближно една петтина до една шестина од вкупниот број корисници.