- На судењето против Стојанче Јовановски, кој се товари дека преку континуирано семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана Јовановска до самоубиство, при што животот го загуби и нивната малолетна ќерка Катја Јовановска по пад од балкон, обвинетиот изјави дека чувствува вина за дел од делата што му се ставаат на товар, но го отфрли обвинението за наведување и помагање при самоубиство.
- Прва сведочела мајката на жртвата Ивана, Љубица Стојаноска од Скопје: „Го викав ‘сине’, ‘синко’. Имале проблем, не знаев. Ја гледав Ивана модра по рацете, еднаш и со модро око, таа ми рече паднала од тротинет. Еднаш зетот ми се јави ноќе, Катја беше мала: ‘Тетка Љубица дојди да си ја земеш ќерка ти Ивана курвата!’
- „Се сомневав дека е тепана, ама Ивана не ми признаваше. ‘Ќе биде мамо во ред’, ми велеше кога ја прашував. А зетот никогаш не го прашав. Од Катја дознавав: ‘Бабо јас ќе ти кажам, ама не ѝ кажувај на мама. Мама вака чучнуваше доле, а тато ја шутираше.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.