Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Почина возач на Брза помош кој цел ден пренесувал повредени од Кочани

17 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Почина Иле Гоцевски, долгогодишен возач во службата на Итната медицинска помош, човек кој со години посветено им помагаше на граѓаните во најтешките моменти.

  • Вчера, како и секој ден, извршуваше свои работни задачи, транспортирајќи пациенти и повредени лица, давајќи го својот максимум за да им помогне на оние на кои им е најпотребно. 

  • По напорниот и долг ден, се вратил дома да одмори, но, за жал, не се разбудил.

  • За него сведочат како за пожртвуван и професионален човек, секогаш подготвен да помогне, без оглед на времето и условите. Неговата посветеност кон работата и човечноста што ја покажувал кон пациентите ќе останат запаметени меѓу колегите и сите што го познавале.

извор

Саркози го одлежа своето

10 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Поранешниот претседавал Никола Саркози ја напушта ќелијата во затворот Ла Санте иако зад решетки одлежа само 20 дена од казната од пет години затвор. Реагирајќи на негова жалба, париски суд одобри да биде префрлен во домашен притвор под судски надзор каде што ќе биде „побезбеден отколку во ќелијата“.
  • Судот заклучил дека „престојот во затвор не е оправдан“ и дека „нема ризик од бегство“. Забрането му е да ја напушти Франција и да има контакти со други лица обвинети во аферата поради која беше осуден - измама со која обезбедил финансирање од Либија за неговата претседателска кампања во 2007 година.
  • Саркози се пожали дека од првиот ден во затворот Ла Санте добивал смртни закани. Заради неговата безбедност бил сам во ќелијата од 9 квадратни метри со тоалет и туш. Во ќелијата до него постојано дежурале уште двајца телохранители назначени од властите. Од истите причини сам одел на дневната прошетка и во трпезаријата.
  • „Изолацијата му падна многу тешко. Тој е силен, цврст и храбар маж и притворот му нанесе големо страдање“, изјави адвокатот на Саркози.
  • Неделникот Le Point наведува дека Саркози во затвор јадел само јогурт, бидејќи „се плашел да не му плукаат во храната“. Му било понуден пристап до кујна сам да си ги подготвува оброците, но одбил. 
извор

Виенската полиција ги одра велосипедистите

10 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • За само неколку месеци, полицијата во Виена наплатила преку 100.000 евра казни заради непрописно возење велосипеди и електрични скутери.

  • Биле спроведени 15 големи акции за контрола во тек на десет дена и 5 ноќи. 

  • Биле изречени 2.490 казни и 1.097 пријави за сообраќајни прекршоци. Најчести престапи биле минување на црвено светло, возење по тротоари и и пешачки зони, како и пречекорување на брзината. 
  • Некој возел скутер со брзина од 89 километри на час. 

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Бугарски електричар

Балканштина
2

Верижна семејна драма во Штип

Разно
3

Дилеми за славата

Балканштина
4

Видете го планот на ЕУ за брзи пруги и сè ќе ви стане јасно

Онака
5

Сте виделе како оди брат му на Јокиќ?

Разно
6

„Жолтата подморница“ влегува во Македонија

Фудбал
7

Русјаков: Светот, галаксијата и црните дупки низ вселената

8

101-ва титула во кариерата за Ѓоковиќ, бурно ја прослави

Разно
1

Русјаков: Светот, галаксијата и црните дупки низ вселената

2

Кина крие црвено копче во зелените градски автобуси за Европа

Свет
3

Кројачите од ББЦ поднесоа оставки

4

Виенската полиција ги одра велосипедистите

5

Вештачката интелигенција е новата работничка класа

Технологија
6

Бугарија ќе ја „администрира“ рафинеријата на Лукоил

7

Хрватска по пола век остана без весници од странство

8

САД ја престигнаа Кина со инвестиции во Африка

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Дилеми за славата

Разно

Верижна семејна драма во Штип

Балканштина

Бугарски електричар

Разно

Песна за липата и чајот

Македонштина

Македонскиот Никола Тесла

Македонштина

Идната госпоѓа Миа Јангелова

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Само во Кавадарци

Скриените политички пораки на Евровизија 2015

Ни стигна висока делегација од Италија

Летаа воспитни шамари во ОН

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy