- После долга, тешка и исцрпувачка битка со ракот, на 77 години почина Ведрана Рудан, најострото перо и јазик на хрватската јавна сцена.
- Беше новинарка, колумнистка и општествена критичарка, со урнебесно добри книги како „Уво, грло, нож“, „Љубов на последен поглед“, „Црнци во Фиренца,“ „Дабогда мајка те родила...“
- На нејзиниот официјален профил пишува дека „се пресели во подрачје без сигнал“.
- Својата битка со карциномот ја споделуваше со јавноста: Не жалам за ништо.
- Ја имавме на сајт многупати и по разни поводи, секогаш остра, бескомпромисна и незгодно искрена. Алал.
- Билјана Плавшиќ, поранешната претседателка на Република Српска која беше осудена во Хаг за злосторства против човештвото, почина во Белград на возраст од 96 години. Се очекува да биде погребана во Бања Лука.
- Беше обвинета како еден од водечките политичари на босанските Срби за време на војната. Во 2001 година доброволно му се предаде на Хашкиот трибунал и се изјасни за виновна за прогон врз политичка, верска и расна основа.
- Во 2003 година беше осудена на 11 години затвор.
- Откако отслужи две третини од казната во затвор во Шведска, во 2009 година беше ослободена и оттогаш живееше во Белград. Не беше политички активна.
- Таа е единствената жена осудена за воени злосторства од Хашкиот трибунал.