Ние кои имаме рак стануваме малку немирни кога контрола ни е на врата. За неколку дена ќе седнам пред моите лекари и ќе чекам да видам што ќе направат со својот палец. Ќе го дигнат ли во воздух или ќе го свртат кон бетонот обложен со некоја пластична маса.
Запознав разни лекари. На нерви посебно ми одат оние многу сериозните. Кога ќе те погледнат в очи, никогаш не знаеш дали се лути затоа што сопругата не им дала пичка со месеци или пак твоите метастази тргнале во поход.
Јеби га, не можете да ги промените, па со лажна насмевка на треперливите усни ја чекате пресудата. Смрт или живот?
Смрт. Таа секако е поблиска до мене, онаа кому таа ѝ го лиже вратот со ладниот јазик, отколку на оние чија единствена грижа им е зошто загубивме една од битките на Олимпијадата. Болеста ме продухови, ха, ха, не се палам со банални теми.
На пример, конечно не ме заболе што моите деца не се онакви какви што треба да бидат. Дали треба да бидат поинакакви? Не ми се јавуваат, а кога ќе ми се јават, во нивниот глас слушам лажна загриженост и искрена досада.
„Како си, мамо? „Добро“, велам со глас што не е мој, па ќе се поздравиме. Моите пријатели, моите здрави пријатели, страдаат затоа што нивните деца се неподносливи. Ладни, бесчувствителни. Жал ми е за моите пријатели бидејќи не се слободни. За мене моите деца се странци, непознати луѓе кои ми одат на нерви исто колку и јас ним.
Кога беа мали ја бараа мојата прегратка, ми го правеа лицето со плунка, со кикотење ме смееја. Нивните раце, нозете збрчкани како оние француски гуми, сето тоа ме доведуваше до емотивен оргазам. Денес знам дека моите деца тогаш беа мали животни кои мораа да бидат слатки за да преживеат.
Да не ме гушнеа туку да ме плукаа, да не врескаа од среќа кога ќе се појавев на врата, можеби ќе ги дадев во добри раце па тие раце нека се ебеа со гадните животинки. Сакам да кажам, никогаш немало љубов меѓу моите деца и мене. Сето тоа беше чист интерес. Ме влечеа за коса и трепкаа со задоволство затоа што намирисуваа дека не можат да живеат без мене, јас свршував од среќа затоа што мислев дека сум се судрила со есенцијата на љубовта.
Каков заеб. А потоа... Времето лета и одеднаш од другата страна на масата гледате непознати луѓе кои навратиле на неделен ручек затоа што мислат дека мора да бидат љубезни. Со сопругот се обидуваме да започнеме муабет на која било тема после ручекот, додека чури кафето. Па кажувате реченици.
Гостите не ги слушаат. Ниту синот, ниту ќерката, ниту внукот. Овие луѓе не зборуваат, тие испраќаат пораки до оние кои им се важни. Кога ќе го испијат кафето, ќе си заминат од мојот живот нацерени и со мраз во очите.
Откако имам рак, ми требаат толку малку луѓе, најмалку оние кои ми се најблиски. Го сакам само мојот сопруг. Тој не се смени. Се каам што раѓав, мислев дека ќе родам вечна љубов. Во некои години никому од нас паметта не му е силна страна. Биологијата нè ебе.
Мене ми треба некој чии очи не се ледени, чии раце не се ладни, чиј глас не е полн со лажна тага. И затоа, ако докторот на преглед ми каже дека гледа „некои сенки“ но дека сè ќе биде во ред, ќе му кажам да го исклучи тажниот глас затоа што не се каам за ништо.
Никого немам загубено, не сум сама, со мене е човекот што го сакам. Моите метастази, ако ги има, него навистина ќе го гризнат за срце. За поранешните ловци на моите гради полни млеко, живо ми се ебе. Ракот го одврза јажето што ми го окова срцето, моите деца нека си се борат со своите бури, јас одамна не сум нивен капетан.
Телефонот ѕвони. Внукот. Се јавува после три месеци. Како си, нана? Не кревам телефон. Кој те ебе, душо нанина.
Ведрана Рудан