На 93 годишна возраст почина Барбара Волтерс, телевизиска новинарка со импресивна кариера долга повеќе од половина век.
Своевремено жените не беа сметани за особено важни оружја во новинарските редакции. Сè до Барбара Волтерс која во 1976 година беше првата жена која потпиша 5 годишен договор за водење вести, со плата од милион долари годишно.
Нема кого нема интервјуирано, од Никсон до Обама, преку Моника Левински.
„Веројатно кариерата ми беше премногу важна,“ го објаснуваше Волтерс неуспехот не нејзините три брака.
Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, најави дека следната година ќе биде намалено производството на Сајбертракот, за да се фокусира на комплетно автономните такси возила.
Електричната Годзила се произведува само во мега-фабриката на Тесла во Остин и засега нема најави дека производството може да биде преместено на други локации.
„Конечно, иднината ќе изгледа како иднина,“ ентузијастички изјави Маск при лансирањето во 2023 година но возилото не ги исполни продажните надежи: во САД пречка за тоа беше електричниот погон а во Европа габаритот.
Појавата на Сајбертракот како ретко која кола ги подели луѓето: на едни им беше екстремно грд, на други преубав од што е екстремно грд.