На 67-годишна возраст почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков, соопшти неговиот матичен Драмски театар од Скопје.
Манасков е во Драмски е од 1983 година, откако заврши на ФДУ во Скопје. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе се одигра во негова чест, велат од театарот.
Ќе остане запамтен и по своите улоги во Исцелител, Сенки, Трст виа Скопје, Еурека, Солунски патрдии, Македонски народни приказни, Преспав, Пусто турско....
Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.