Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Пентагон ќе почне да бара сметкопотврди за парите потрошени во Украина

31 август 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Америка не застанува со трошење пари на и за Украина.
  • Се проценува дека има над 7.800 поединечни договори за набавка на суми под 2 милиони долари, поврзани со снабдувањето на Украина. И ова е без големите набавки на комплексни воени системи.
  • За некој да не се помеша каде и колку пари одат, внатрешниот инспекторат на Пентагон ќе почне со директен надзор на сите пари што се трошат за Украина или се поврзани со нејзе.
  • Дел од неговата работа ќе биде следење на пратките од магацинот во САД до нивната испорака на украинските сили на фронтовските линии.
  • Пентагон уште нема поим колку пари има потрошено во Авганистан и Ирак.
извор

Членството во ЕУ повеќе не е приоритет за Турција

15 август 2026
  • Share
  • Post
  • Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека како резултат на тоа, губитник ќе биде Европа.

  • Турскиот претседател рече дека добил ветување од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со враќањето на Турција во програмата за воени авиони Ф-35 и чека да биде исполнето.

  • Турција беше исклучена од мултинационалната програма Ф-35 во 2019 година откако го купи рускиот систем за воздушна одбрана С-400, за кој Вашингтон рече дека може да ги компромитира невидливите авиони.

  • Ердоган рече дека Египет би можел да се приклучи на договорот за одбрана што неодамна го потпишаа Турција, Саудиска Арабија и Пакистан, и дека други земји би можеле да се приклучат на него (види: Истокот се прераспоредува).

извор

Русјаков: Нордистански окултизам и култот на божицата Брусела Шахта

15 август 2026
  • Share
  • Post
  • Тие што вчера брусеа шахти, денес бројат сончеви зраци на знамето. Се нарекуваат нордистанци – опскурна секта чија основа е интелектуалната бижутерија на граѓанството луѓенца или како што ги нарече нивниот гуру: шуто и рогато.
  • Oвие веруваат дека промената на името Македонија и откажување од историјата може да ти ги плаќа сметките и да ти донесе материјална благосостојба.
  • Сектата на нордистанците ѝ се претстави на јавноста преку групно гушкање на Градскиот трговски центар, ритуал што од нив беше објаснет како обид за зачувување на архитектурата, но за секој добро упатен окултист што знае дека езотеријата секогаш е повеќеслојна, ова беше поттик да се влезе во длабочините на ваквата ритуализација и да се постави прашањето: дали оваа еротична нежност изразена преку гушкање на еден трговски центар како дел од љубовна предигра, води кон целосно насочување на сексуалната енергија кон консумирачкиот комформизам на материјалистичката стварност што нè опкружува?
  • Примарна цел на сектата на нордистанците беше, а тоа им успеа – воведување на нивниот култ како единствена државна религија, идеја смислена од повисоките однадвор масонски мајстори претставени преку личности како Мастер Бејли, Хан д’ Џган, Мадам Могерини, а спроведена преку духовниот водач на шуто и рогато – Гуру Заев – идеја што се манифестираше преку укинување на името Македонија и забрана за консумирање македонска историја, двата непријатела на нордистанската секташка идеологија, бидејќи во нивниот окултистички светоглед, македонизмот не може да им ги плати сметките – големите трошоци за патот кон кој секогаш се стремеле – тајните мистични лавиринти на духовната и емотивна канализација.
  • А таму кајшто има канализација, тука се и шахтите – пречка за стремежот на нивната идеологија кон длабоките канализациски води на плиткоста. И така, започнаа со нов ритуал – фанатично брусење шахти – ритуал посветен на култот на божицата на западното изгрејсонце, Брусела Шахта, вегетативна божица што вегетира на туѓи грантови, шест месеци глуми подземје, а шест месеци господари со длабочините на плиткоста.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Како стигнавме од вакви луѓе до Боки 13?

Македонштина
2

Изгледа им ставаат чубрица во узото

Македонски рулет
3

Па уште се снимала „жртвата“ со мокра коса

Македонштина
4

За смртта на професорот кого Кембриџ нејќеше да го провери

Разно
5

Пола милијарда долари за нула гранати

Бизнис
6

Сомелиер на денот

Балканштина
7

Ве молиме послушајте ја

Македонштина
8

Во Швајцарија ти се извинуваат ако поради пенисот помислат дека си маж

Разно
1

За смртта на професорот кого Кембриџ нејќеше да го провери

Разно
2

Пола милијарда долари за нула гранати

Бизнис
3

Во Швајцарија ти се извинуваат ако поради пенисот помислат дека си маж

Разно
4

Русјаков: Нордистански окултизам и култот на божицата Брусела Шахта

5

Членството во ЕУ повеќе не е приоритет за Турција

6

Трактористот кој го победи пожарот

7

Враќање на Гестапо

Свет
8

Премостување на сообраќајниот хаос

Урбан
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Па уште се снимала „жртвата“ со мокра коса

Македонштина

Како стигнавме од вакви луѓе до Боки 13?

Македонштина

Ве молиме послушајте ја

Балканштина

Крстозбор: Вид овца со шест букви?

Балканштина

Пазете ја седмицата

Македонштина

Кога песна ќе погоди словенска душа

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Да те видам момче да излезеш

За да може да те гаси, Европа прво ќе те запали

Со вуду магија му ги местеле рацете накај парите?

На Алачки му дошло преку дур

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy