- Кaко поранешен претседател, Пендаровски нема да ја користи државната пензија која му следува по закон, затоа што веќе се врати на својата академска кариера како професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, соопштиле луѓе од неговото опкружување.
- Во однос на административната и логистичка поддршка, Пендаровски побара од државните институции повремено да користи канцеларија, но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија со тројца вработени.
- Законот, иако беше многу критикуван и се бараше негово повлекување беше донесен заради правата на семејството на трагично загинатиот Борис Трајковски.
- Данска првпат во својата историја ќе купи офанзивно долгострелно прецизно оружје, иако не е директно загрозена од ниту една земја.
- „Воздушната одбрана не е доволно цврста и мора да се надгради за да гаѓа цели на голема далечина и да се бори против заканите од непријателски проектили“, изјави премиерката Мете Фредериксен.
- Таа потврди дека моментално нема никаква конкретна закана за нејзината земја, но додаде: „Нема сомневање дека Русија ќе биде закана за Данска и за Европа во годините што доаѓаат“.
- Министерот за одбрана Троелс Поулсен не кажа колку точно Данска ќе потроши на долгострелно оружје и какви системи ќе купи. Според весникот Берлингске, најочигледните опции се проектилите „страјк“ за данските ловци „ф-35“ или норвешките JSM.
- Членката на НАТО пред една недела објави дека ќе потроши 9,2 милијарди долари на противвоздушни системи произведени во Европа. Тоа е најголемата одбранбена инвестиција во историјата на Данска.
- На 26 јануари годинава во велешката полиција го пријавила дека ја вознемирувал на улица додека шетала куче.
- На 21 февруари пријавила дека во школски двор била нападната од дечкото со кого претходно била во врска.
- На 4 март тој бил лишен од слобода по претходна пријава дека физички ја нападнал неа и друг дечко.
- На 18 мај пријавила дека на неколку локации во Велес, испишал графити со навредливи и заканувачки содржини во кои директно е наведено нејзиното име и презиме и нејзиниот полубрат, како и дека во повеќе наврати пишувал пораки на нејзиниот татко и на нејзина пријателка преку социјални мрежи, со навредлива содржина упатени кон неа. Побарала да биде предупреден, тој негирал дека има врска со тоа.
- На 18 мај запалено е возилото на нејзиниот татко кое претходно било украдено.
- На 19 јуни повикана е во полиција во врска со пријава од вработена во продажен објект во Велес, дека пронашла УСБ залепено на влезна врата од објектот, на кое имало слики и видео записи со експлицитна содржина од нив две.
- Во јули го пријавила дека не ја почитува забраната за приближување.
- Целата листа на пријави ја донесува Вечер.