- Папата Франциско ќе биде погребан в сабота во 10 часот со церемонија на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, решија кардиналите во Ватикан.
- На погребот се очекува да присуствуваат многумина шефови на држави од светот. Своето присуство веќе го најавија американскиот претседател Доналд Трамп, аргентинскиот Хавиер Милеи, бразилскиот Луиз Инасио Лула да Силва и украинскиот Володимир Зеленски.
- Погребната миса ќе се одржи на отворено. Службата ќе ја води деканот на Колеџот за кардинали, Џовани Батиста Ре, а ќе сослужуваат патријарси, кардинали, архиепископи, бискупи и свештеници од целиот свет.
- Согласно неговата волја од тестаментот, Франциско ќе биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, а не во „Свети Петар“, каде што почиваат повеќето негови претходници.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.