- Вестите за здравствената состојба на 88 годишниот Франциско со недели беа толку сериозни што јавноста и медиумите веќе почнаа... знаете што.
- Но, по долгиот бронхитис, двојната пневмонија и петнеделната хоспитализација, лекарите констатираат „навистина изненадувачко подобрување“ на неговата состојба.
- „Многу е живнат и верувам дека ќе се врати, ако не на 100%, тогаш 90% од она што беше порано“, вели доктор Серџио Алфиери, три дена откако Папата беше отпуштен од римската болница Гемели.
- Докторот вика дека ако поглаварот на римокатоличката црква реши пребрзо да се врати на своите обврски, ќе мора тие да му креваат рачна.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.