- После 8 години соработка со Ројтерс, канадската фоторепортерка Валери Зинк даде отказ, оценуајќи го известувањето на агенцијата како предавство на новинарите. Таа ја обвини агенцијата дека го оправдува и го овозможува убиството на 245 новинари во Газа.
- Зинк го критикуваше известувањето на Ројтерс по убиството на Анас Ал-Шариф (овде) и екипатa на Ал Џезира во Газа, обвинувајќи ја агенцијата дека ги проммовира „целосно неоснованите тврдења“ на Израел дека Ал-Шариф бил член на Хамас, што „е една од безбројните лаги што медиумите како Ројтерс ревносно ги повторуваат и ги легитимираат“.
- „Ја ценам работата во Ројтерс во изминатите 8 години, но во овој момент не можам да замислам да го носам овој новинарски акредитив со ништо друго освен со длабок срам и тага“, рече таа.
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.