Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Оставка на шефицата за разузнавање на Трамп

23 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Тулси Габард, директорката за национално разузнавање во администрацијата на Доналд Трамп, поднесе оставка поради семејни причини, за да може повеќе да се грижи за сопругот, кој страда од екстремно ретка форма на рак на коските.
  • Габард ќе замине од функцијата на 30 јуни. Должноста привремено ќе ја преземе нејзиниот заменик Арон Лукас.

  • Политички кругови во Вашингтон коментираат дека оставката на Габард била прашање на време, бидејќи поранешната демократка не се вклопила во републиканската администрација. Таа беше во судир со ЦИА, која според инсајдери ги попречувала напорите на националното разузнавање да открие повеќе информации за досиејата на Џон Кенеди, за потеклото за ковид и за „хаванскиот синдром“.
  • Габард, исто така, се противеше на политиката за воени интервенции. Трамп лани јавно го отфрли сведочењето на Габард дека Иран не ја обновил програмата за развој на нуклеарно оружје. „Мојата разузнавачка заедница грешеше... Таа греши“, изјави Трамп.
  • Кога почна војната, на прашањето дали Иран претставува непосредна закана за САД, Габард пред конгресмените одговори: „претседателот е единствената личност што може да утврди што е, а што не е непосредна закана“.
  • Пред два месеци оставка поднесе и нејзиниот помошник Џо Кент, директор на Центарот за борба против тероризам. Од администрацијата беа отпуштени и поранешната секретарка за внатрешна безбедност Кристи Ноем и државната обвинителка Пам Бонди. Лори Чавез-ДеРемер поднесе оставка од функцијата секретарка за труд.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

5

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Лекции по маркетинг од видовитата Смиљка

Имате ли видено појак дизајн од ова?

Забораваме за да не полудиме

Филмска препорака

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy