- Израелските безбедносните сили намерно ги таргетирале палестинските деца, со што се одговорни за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства во Газа, како и воени злосторства на окупираниот Западен Брег, објави Независната меѓународна комисија на ОН.
- Најмалку 20.179 деца биле убиени помеѓу 7 октомври 2023 година до октомври 2025 година. Децата сочинуваат околу 30% од вкупниот број на жртви во Газа, се наведува во извештајот.
- Палестинските деца биле намерно убивани за време на војната, па дури и по октомври 2025 година, кога стапи на сила прекинот на огнот. Ова се посочува како доказ за „геноцидната намера на израелските власти и безбедносните сили да ја уништат палестинската група, целосно или делумно, во Газа“.
- Нападите врз здравствените установи ја намалиле стапката на преживување на новороденчињата и резултирале со зголемување на бројот на спонтаните абортуси. Речиси сите деца во Газа имаат потреба од психолошка поддршка.
- На Западниот Брег и Источен Ерусалим, Комисијата откри нагло зголемување на насилство од израелски доселеници врз палестински деца. Особено момчињата биле подложени на систематско малтретирање во притвор, присилно соблекување, тепање и лишување од храна.
- Претходен извештај на комисијата во септември откри дека Израел извршил геноцид во Газа и дека овие дела биле поттикнати од високи функционери, вклучувајќи го и премиерот Бенјамин Нетанјаху.
- Стотици следбеници на Хашим Тачи го нападнаа Хашкиот трибунал и се судрија со полицијата, откако поранешниот лидер на ОВК беше осуден на 25 години затвор поради воени злосторства.
- На плоштадот „Маливелд“ во Хаг полицијата била нападната со стапови и цигли, на што одговорила со бибер-спреј и солзавец.
- Интервенирале и специјалните полициски сили, кои приведувале насилни демонстранти.
- Тачи е прогласен за виновен за 4 од десетте точки од обвинението за воени злосторства: за произволно лишување од слобода, за мачење, за сурово постапување и за убиства на 96 луѓе. За воени злосторства се осудени и неговите соработници Јакуп Красниќи (25 години затвор), Кадри Весели (18 години) и Реџеп Селими (13 години).
- Хашкиот трибунал му изрече единствена казна од 25 години затвор на поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, поради воени злосторства на Косово, во периодот од април 1998 до јуни 1999 година.
- Во казната ќе му бидат пресметани и шесте години што ги помина во притвор во Хаг.
- Тачи е прогласен за виновен за 4 од десетте точки од обвинението за воени злосторства: за произволно лишување од слобода, за мачење, за сурово постапување и за убиства на 96 луѓе.
- „Како главен командант и клучен политички лидер, тој имал ефективна контрола врз ОВК и учествувал во широко распространетиот и систематски напад врз цивилното население и неистомислениците“, објави судот.
- Независно од оваа пресуда, против Тачи во Хаг почнува уште еден судски процес под обвинение за влијание и застрашување на сведоци во притворот, за што обвинителството бара уште 6 години затвор.
- Со 25 години затвор e казнет и портпаролот на ОВК, Јакуп Красниќи. Кадри Весели доби 18 години, а шефот на оперативниот директорат Реџеп Селими 13 години затвор. Сите се прогласени за виновни за истите точки од обвинението.