- Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков објави Охридски маратон годинава сепак ќе има а од следната општината ја презема организацијата.
- „Маратон ќе има. Две или три години има неисплатен фонд кон пливачите. Начинот на водење на овој маратон од година во година се уништува. Тоа се гледа и во посетеноста. Ќе направиме сè што е во наша моќ да го организираме маратонот а од следната година и да го организираме“.
- Левица ја коментираше лежерноста со која Пендаровски дигна раце од најстарата спортска манифестација со традиција од 60 години: „Владејачката СДС постојано докажува дека е антимакедонска партија која на секој можен начин се обидува да ги уништи сите традиционални манифестации и вредности кои се обележје, симбол и препознатливост за Македонија во светот, како Охридскиот пливачки маратон. Нивниот антимакедонизам само расте и гази сè што го одржува македонскиот дух“.
- Повеќе од 10.000 луѓе излегоа на улиците на Фиренца, Милано, Неапол, Торино и уште 50 италијански градови, протестирајќи поради високите трошоци за живот, финансирање на одбраната со пари што биле наменети за образование и здравство и против војните во Украина и Газа.
- Собирите добија на масовност откако на генералниот штрајк на работниците им се придружија студенти и средношколци.
- Организаторите ветија дека демонстрациите ќе поминат без насилство, но властите ангажираа полициски зајакнувања за да ги следат протестните маршеви. Поставени се кордони на клучните локации како Колосеумот во Рим и Миланската катедрала.
- На чело на маршот во Торино, студентите истакнале транспаренти со пароли: „Секој кампус ќе биде барикада“. „Нема да плаќаме за војна“ и „Против војната и високите трошоци за живот – да ја запреме Италија“.
- Вршителката на должноста претседателка на Србија, Ана Брнабиќ, го повика новоизбраното парламентарно мнозинство што е можно поскоро да воспостави владини институции и да ја преземе одговорноста за управување со земјата.
- Во своето прво јавно обраќање по вонредните парламентарни избори, таа повика на мир, почитување на Уставот и законот и рече дека насилството не треба да ги одредува политичките настани.
- Брнабиќ ги повика победниците на изборите да не го одложуваат формирањето на владата и да не дозволуваат „тепачи и насилници“ да водат политика.
- Како примери за насилство и притисок ги наведе нападите врз телевизиите Информер и Пинк, апсењето и притворањето на директорот на Јовината гимназија, Радивоје П. Стојковиќ, нападот врз јавното претпријатие Србијавода...
- Брнабиќ најави дека претседателските избори во Србија ќе се одржат најдоцна до 27 декември.