Митрополитот Пимен признава дека згрешил со повикот за референдум за промена на името. Ова го кажа во поткастот на Слободен печат.
„Од оваа перспектива секако дека мојот повик до граѓаните да излезат на референдумот за промена на името во 2018 година го сметам за голема грешка. Практично, некој мене ме излажа, а јас ги излажав останатите“, вели Пимен, објаснувајќи дека тогаш бил уверен оти процесот ќе донесе нешто подобро, а не подлабоко разочарување.
„Јас мојот потег го чувствувам како своја грешка и како своја наивност“, вели владиката.
п.с. После ова, ќе мора да најдеме некоја нова тема за кавга со нашиот другар Пимен. А што се мора, не е тешко :)
Со „пиштол на чело“ Америка издејствувала договор со Венецуела по кој со парите од нејзината нафта (првично 50 милиони барели) со која ќе тргуваат САД, Венецуела ќе купува ИСКЛУЧИВО американски производи.
Венецуела „слободно“ ќе може да купува американски земјоделски производи, лекови, медицинска опрема и технологија потребна за обнова на енергетската и друга инфраструктура.
„Со други зборови, Венецуела се обврзува да соработува со Соединетите Американски Држави како клучен партнер - мудар избор и многу добра работа за народот на Венецуела и САД“, напиша Трамп.
Освен да нападне земја, да им го киднапира претседателот и да се прогласи за ВД управник на државата, американското водство не најде друг начин како да ја сосеча Кина која во меѓувреме стана главен трговски партнер на Јужна Америка.