- Американските сојузници го отфрлаат повикот од Доналд Трамп да формираат меѓународна коалиција што би ги обезбедувала танкерите и товарните бродови низ Ормускиот Проток додека САД и Израел војуваат против Иран.
- Трамп во коалицијата ги повика Британија, Франција, Германија, Италија, Австралија, Канада, земјите од Заливот, Јапонија и Јужна Кореја. „На некои земји им помагавме многу, многу години. Ги заштитивме од ужасни надворешни извори, а тие покажаа ентузијазам“, изјави Трамп.
- Германија, Италија и Јапонија веќе објавија дека нема да испратат помош. Трамп изјави дека Макрон е „80% спремен да помогне“, но извори од Париз тврдат дека францускиот претседател ја одбил поканата.
- Единствено Кир Стармер ја разгледува опцијата. Британија изготвила план за формирање мултинационална работна група.
- Шефицата за европска надворешна политика, Каја Калас, по состанокот со министрите за надворешни работи на 27-те земји-членки изјави дека ЕУ нема желба да се придружи на коалицијата на Трамп. „Ова не е војна на Европа“, изјави Калас.
- Илјадници демонстранти кои бараат оставка од премиерот Еди Рама се судрија со специјалната полиција на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана, токму на Денот на независноста на Албанија.
- Демонстранти, кои пристигнале од целата земја, фрлаа камења, сигнални ракети и димни бомби кон кордоните и владините згради, а полицијата возврати со солзавец и водени топови.
- Според Министерството за здравство, повредени се најмалку осум луѓе, вклучувајќи полицаец и двајца новинари.
- Бранот незадоволство во Албанија почна крајот на мај, поттикнат од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс во јужниот дел на земјата – проект поврзан со фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Трамп.
- Низ месеците протестите се проширија во бунт против корупцијата во владата, растот на трошоците за живот и ограничените можности. Во изминатите неколку недели беа запалени банки, судови и владини згради.
- Студентите сега повикуваат на уште помасовни демонстрации се до оставка на премиерот Рама, кој е на власт од 2013 година. Група студенти, професори и претставници на дијаспората најавија основање на нова политичка партија „Обединети за Албанија“, со цел да постигнат промени преку институционални средства.
- Парламентот на Аргентина изгласа закон со кој ѝ се забранува на Централната банка да печати пари за да ги покрие владините трошоци. Банката е ограничена на својата основна мисија да ја одржува вредноста на националната валута.
- Ова е еден од клучните чекори во стратегијата на претседателот Хавиер Милеи да ја запре инфлацијата, која во времето на претходната администрација во 2023 година надмина 200%.
- Под водство на Милеи, Аргентина ги намали владините расходи и инфлацијата, но се зголеми сиромаштијата.
- „Заврши времето на Централната банка која финансираше политичка кражба преку печатење пари. Заврши монетарната катастрофа во Аргентина. Завршија 91 година измами“, соопшти претседателот.