Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Никој не е задоволен од пресудата за модуларната во Тетово

17 мај 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Тетовскиот суд ги осуди поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, на една година и шест месеци затвор. 
  • Тетовската клиничка болница, исто како и на првото судење, беше санкционирана со 1 милион денари. Предметниот судија Реџеп Муса, читајќи ги пресудите, рече дека за кривичното дело тешки кривични дела против јавната безбедност е предвидена казна затвор од една до пет години, додека судот ги зел предвид сите отежнувачки и олеснителни околности за обвинетите.
  • Семејствата на жртвите изразија разочарување од одлуката на судијата, барајќи по секоја цена поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот министер Анѓушев да бидат изведени пред лицето на правдата.
  • Поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, откако ја слушна пресудата, рече дека ќе продолжи да ја бара правдата, бидејќи според него, судот не сакал да донесе правда ниту за членовите на семејствота, ниту на него. „Бев обвинет дека немалопротивпожарни апарати, а всушност бев против ваков објект и одбив да го прифатам објектот, еве го документот што не го потпишав. Обвинителството и сите го знаат ова, го споменав и на состаноците и документот постои, но не беше земен во предвид. Не барам милост, туку правда за жртвите и за себе“, нагласи Бесими.

извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

4

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
5

Каков „малер на колото“ му пративме на НАТО

Македонски рулет
6

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
7

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
8

Седлоски: Не дека селекторот се вади, но факт е дека националните тимови во Б дивизијата се подобри

1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
4

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

АНБ со мирис на УДБА

7

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

8

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Оглас: Проодувам расисти

Спортска во Кочани

Телевизија е за стари луѓе

Коце, глеј ваму

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy