Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Нетанјаху води, но без мнозинство за да формира влада

28 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Парламентарните избори во Израел завршија без јасен победник. Блокот на премиерот Бенјамин Нетанјаху освоил најмногу пратенички места во Кнесетот, но не и мнозинство што би му овозможило да формира влада.
  • Партијата Ликуд на Нетанјаху освоила над 20% од гласовите и заедно со партнерите би добила 55 пратенички места. Опозицискиот блок на чело со Гади Ајзенкот има 49 места, според нецелосните резултати. Партиите на израелските Арапи ги освоиле преостанатите места, значително повеќе од досегашните 10.
  • Излезноста на гласачите била 77,7% - највисоко ниво во последните речиси 30 години.
  • Двата главни блока најавија дека нема да прават коалиција со арапските партии, но аналитичари не ја отфрлаат можноста Ајзенкот да се обиде да формира малцинска влада, која за клучните прашања би добивала поддршка од арапските партии во Кнесетот.
  • Израелски коментатори шпекулираат за можноста за формирање влада на национално единство. Во таков случај, Нетанјаху би се откажал од своите сојузници од крајната десница и од ултраортодоксните партии, и би стапил во сојуз со Ајзенкот. Нетанјаху во 2020 година склучи сличен договор со опозицискиот лидер Бени Ганц, но нивната влада издржа само седум месеци.
  • Во спротивно, Израелците ќе мора да одат на нови избори. Нетанјаху ќе остане премиер додека не биде избрана нова влада.
извор

Флавио Болсонаро избега во САД

28 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Еден ден откако го призна поразот на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро заминал во САД, наспроти судската одлука да го предаде пасошот. 
  • Извори на ББЦ тврдат дека САД итно им издале виза на Болсонаро и членовите на неговото семејство. Флавио наводно веќе пристигнал во Флорида и се сретнал со помладиот брат Едуардо, кој живее во Тексас.
  • Против Флавио Болсонаро во Бразил се води истрага за перење пари. Ако биде обвинет, Бразил може да побара да биде екстрадиран од САД.
  • Таткото на Флавио – поранешниот претседател Жаир Болсонаро, отслужува казна од 27 години затвор поради учество во заговор за државен удар, по поразот на претседателските избори во 2022 година. Поради нарушеното здравје, казната ја отслужува во домашен притвор.
  • „Флавио се откажа. Тој е преплашен. Загрижен е дека татко му ќе умре во затвор, дека тој самиот ќе заврши во затвор уште оваа недела, и дека го чека долга затворска казна“, изјави советник на Болсонаро.
извор

Путин го покани Зеленски на директни разговори во Москва

28 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Рускиот претседател Владимир Путин го поканил украинскиот претседател Володимир Зеленски да дојде во Москва на директни разговори за крај на војната. Му гарантира безбедност.
  • Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и финскиот претседател Александар Стуб вчера во телефонскиот разговор го известиле Путин дека Зеленски е заинтересиран за директни разговори.
  • „Ако Зеленски навистина сака да води директни преговори, треба да дојде во Москва, каде што ќе му бидат обезбедени сите неопходни услови, вклучувајќи и безбедност“, изјави Јуриј Ушаков, советник за национална безбедност во Кремљ и поранешен амбасадор во САД. 
  • Путин во разговорот се фокусирал на иницијативата за трилатерални разговори меѓу Русија, Украина и САД во Абу Даби, но не ја разгледува можноста и Европа да испрати свои претставници.
  • „Воопшто не размислуваме за тоа кој би можел да ја претставува Европа, бидејќи за тоа ќе се одлучува во многу подоцнежна фаза“, кажа Ушаков.
  • Путин и Зеленски се сретнале само еднаш, во 2019 година во Елисејската палата.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Двојазичност на албански начин

Македонштина
2

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина
3

Вучиќу, не си единствен

Балканштина
4

Доби црвен и се врати од тунелот за да го патосира Чурлинов

Фудбал
5

Желботека

Балканштина
6

Фаќање сеир на оние кои избегаа од Трамп

Разно
7

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина
8

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина
1

Фаќање сеир на оние кои избегаа од Трамп

Разно
2

Се бара затворање на Информер, Вучиќ најавува прекин на комуникациите

3

САД градат „Тврдина“ за глобална војна

Свет
4

Цветковиќ: Во Израел, со кичмата во куфер

5

Микрософт им понуди отпремнини на 60.000 вработени

6

Европски лидери се охрабрија да разговараат со Путин

7

Не им се погоди сезоната на климатските паничари

Свет
8

Никој не вади ќар од ВИ освен технолошките гиганти

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Балканштина

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Три години од гаснењето на А1

Зошто нејќеме Македонија да биде Швајцарија на Балканите

Етнички мебел

Регионални очекувања

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy