Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Некој уште се плаши од Невена Георгиева - Дуња

4 октомври 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Нов вандализам и кражба на спомен-обележјата во градот. Искорната и украдена е бистата на младата хероина Невена Георгиева – Дуња која се наоѓаше во дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода.
  • Постаментот е оштетен а искршени се и плочките на коишто беше поставена бистата.
  • Невена Георгиева – Дуња загина во судир со бугарската полиција и велешка ванчомихајловистичка контрачета на 16 декември 1942 година во велешко Нежилово. Откако тешко ја раниле, го масакрирале нејзиното мртво тело, ѝ ја отсекле главата и ја набиле на кол и така ја шетале низ велешките села за да се заплаши востанатиот македонски народ. За да предизвикува страв на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставиле во еден централен излог (извор).
  • Од скопскиот Градски парк некој ги има украдено и бистите на Никола Вапцаров и Коле Неделковски.

извор

Протестен марш на ССМ за повисоки плати

14 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сојузот на синдикатите денеска одржа протестен марш со барање за минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување на платите за 100 евра.
  • Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов го отфрла законското усогласување од 1.667 денари, бидејќи усогласувањето не го покрива растот на трошоците за живот - во последните два месеца вредноста на синдикалната минимална кошница пораснала за 2.000 денари.
  • Тој додаде дека 160.000 работници во земјава примаат плата која е под прагот на сиромаштија.
  • „Сметаме дека за март мора да се зголеми минималната плата затоа што работниците заработуваат многу повеќе отколку што ги плаќаат“, порача Трендафилов. Минималната плата, односно таа што ќе се исплати во април, по годишното усогласување, е 26.000 денари и не ја достигнува вредноста ниту до 500 евра.
  • ССМ останува на најавата за 24-часовен генерален штрајк, кој овој пат ќе го опфати и приватниот сектор.
извор

Мицкоски: Институциите се должни да обезбедат правда за трагедијата во Кочани

14 март 2026
  • Share
  • Post
  • „Постојат настани во историјата на една држава кои не се мерат со време, туку со болката што ја оставаат зад себе. Трагедијата во Кочани е еден од тие настани. Таа беше трагедија на еден град, но и трагедија која ја потресе целата наша држава и која засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање“, порача премиерот Христијан Мицкоски на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.
  • „Семејствата имаат право да знаат како се случила трагедијата. А институциите имаат должност да обезбедат правда. Токму затоа, веднаш по трагедијата започна процес на институционално утврдување на фактите и на одговорноста. Овој процес мора да биде темелен, професионален и ослободен од било каков притисок. Во прашање се човечки животи, а во такви ситуации институциите мора да работат со највисоко ниво на сериозност и интегритет. Правдата не е прашање на политика. Таа е прашање на доверба во институциите, додаде Мицкоски.
  • Министерот за здравство Азир Алиу им изрази благодарност до повеќе од 400 здравствени работници од јавниот и приватниот сектор, кои со исклучителна пожртвуваност, концентрација и професионализам извршиле натчовечки напори да спасат животи“.
  • Алиу изрази благодарност и до медицинските тимови во европските здравствени центри: „Меѓународната солидарност потврди дека стручноста и хуманоста немаат граници кога се спасуваат човечки животи“.
  • Во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година по полноќ загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени.
  • Во нивна чест, во Паркот на револуцијата во Кочани задутре ќе бидат поставени симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, и муралот „Ѕид на сеќавање“.

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кој командува со морето, командува со светот

Свет
2

Истуриле 65.000 литри хемикалии во океан за да го намалат глобалното затоплување

Занимливости
3

ИнтерЊет ги врати пејџерите во Москва

Свет
4

Шишај брату, тепавме 5 по ред

Навивачи
5

Половина од младите муслимани во Германија му се наклонети на исламизмот

Свет
6

Колумбиец ќе игра за македонската репрезентација против Данска?

7

Српски коментаторски таленти

Балканштина
8

Подемот и падот на „хак ту“ девојката

Мешано
1

Кој командува со морето, командува со светот

Свет
2

ИнтерЊет ги врати пејџерите во Москва

Свет
3

Истуриле 65.000 литри хемикалии во океан за да го намалат глобалното затоплување

Занимливости
4

Половина од младите муслимани во Германија му се наклонети на исламизмот

Свет
5

Протестен марш на ССМ за повисоки плати

6

Затворениците ги интересира само Квентин Тарантино

Интервју
7

Низ Франција шпартаат милион нерегистрирани коли

Свет
8

Развојот на ВИ отвори златно доба за мајсторите

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Најдобриот аргумент да не пиете кога возите

Македонштина

Клучни зборови: свечено и удобно

Балканштина

Српски коментаторски таленти

Балканштина

Имате ли чоколатни со вишљи?

Разно

Полски планинари ја откриваат Македонија

Балканштина

Васо нашол заслужен мир

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ефтов Влахов Мицов Интераптус

Дефиниција за лабав човек

Како да не ве прислушуваат со исклучен телефон?

Тие што хејтаа „анти-ваксери“, сега бараат амнестија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy