- Биле запленети околу 1.500 парчиња пиротехника во светиниколско.
- Акцијата се случила на 11.12.2024 во 13.30 часот, во продажен објект во село Амзабегово.
- По „целосно расветлување на свлучајот“ ќе биде поднесена пријава.
- Децата под петгодишна возраст треба да бидат ограничени на еден час дневно поминат пред екран, додека децата под две години не треба сами да гледаат, се вели во новите државни упатства на Велика Британија.
- Родителите се советуваат да се избегнуваат видеа со брзо темпо и секогаш кога е можно, заедно да гледаат со децата. Се советуваат и да ги заменат екраните/мониторите со заедничко читање приказни или играње едноставни игри за време на оброците.
- Науката вели дека дека долгите периоди поминати пред екрани можат да влијаат на сонот и физичката активност на децата, кои се клучни за нивниот развој.
- Статистиката вели дека веќе до двегодишна возраст, 98% од децата секојдневно гледаат во екран.
- Родителите се потсетуваат дека слабо фајде ќе има од ограничувања за децата ако тие самите имаат поинакви секојдневни навики.
- На самит за идни инвестиции во Мајами, организиран од Саудиска Арабија, Доналд Трамп го нарече Хормускиот теснец - „Теснецот на Трамп“.
- „Мора да го отворат. Мора да го отворат Теснецот на Трамп. Извинете. Многу ми е жал. Ужасна грешка. Фејк њуз медиумите сега ќе кажат дека сум направил лапсуз. Нема лапсузи кај мене. Не премногу“, рекол Трамп.
- Во меѓувреме, на претходно доставената листа барања (види: Контра услови на Иран за крај на војната), Техеран додаде уште едно: признавање на целосен ирански суверенитет врз Хормускиот теснец, премин кој се покажа како најсилниот адут на Иран досега бидејќи низ него минува една петтина од светскиот проток на нафта и природен гас.