Вести › Набрзинка
Британија ќе мобилизира резервисти до 65 години
- За да ги зајакне резервните воени сили, Британија ја зголемува на 65 години максималната возраст на поранешните војници што може да бидат повикани во строј. Стратегискиот резервен состав досега беше ограничен на возраст до 55 години.
- Новите правила би требало да стапат на сила од идната година.
- Новиот закон за оружени сили ги олеснува и критериумите за мобилизирање резервисти. Според сегашните правила, тие може да бидат повикани во случаи на „национална закана, вонредна ситуација или напад врз Британија“. Новиот услов ќе биде „подготовки за воени дејства“, кој сега важи за војниците и офицерите што го напуштиле воениот состав во изминатите пет години.
- „Мора активно да се подготвиме за можноста Британија да биде под директна закана, потенцијално во воено сценарио“, изјави министерот Пат Мекфаден пред пратениците. Тој ја посочи војната во Украина како „најочигледен и најитен пример“.
- Планот на лабуристичката влада е да ги зголеми трошоците за одбрана од 2,3% на 2,5% од БДП до 2027 година, што ќе чини 6 милијарди фунти. Премиерот Кир Стармер го прифати условот од Трамп и вети дека Британија до 2035 година ќе троши за одбраната 5% од БДП.
Имигрантскиот агент кој ја уби онаа жена сега е милионер
- Агентот на Службата за имиграција и царина (ICE) кој смртно ја застрела 37-годишната Рене Никол Гуд во Минеаполис стана милионер благодарејќи на лавината донации на негова сметка.
- 43 годишниот Џонатан Рос собрал 747.000 долари на GoFundMe и 279.000 долари на GiveSendGo.
-
Иако повеќето од над 21.000 донации се дадени анонимно, има и познати: милијардерот Бил Акман - поддржувач на Трамп - кој за Рос дал 10.000 долари.
-
ФБИ спроведува истрага за фаталното пукање врз Гуд а извори блиски до истрагата сугерираат дека „сè помала е веројатноста“ Рос да се соочи со кривични обвиненија.
-
Рене Гуд беше убиена откако не ја послуша наредбата на агентите на ICE да излезе од кола и почна да вози. Јавноста е поделена дали агентот пукаше во самоодбрана или убиството беше непотребно.
-
Нејзиното семејсто ја ангажираше фирмата која го застапуваше семејството на Џорџ Флојд, да спроведе граѓанска истрага за смртоносното пукање. Фирмата Романучи & Бладин помогна да се издејствува спогодба од 27 милиони долари за семејството на Флојд.