- Градоначалникот на општина Центар се прогласи за немоќен да го реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на улица Народен фронт, во близина на клубот Интермецо и другите угостителски локали.
- Горан Герасимовски тврди дека општината ги презела сите правни механизми што им се располагање, не помогнале глоби и казни и требало координација и притисоци од сите надлежни институции.
- Општината дала „целосна поддршка“ на петицијата на граѓаните кои живеат во хаосот во Капиштец и ја проследила до други институции.
- Француската левичарска коалиција Нов народен фронт освои најмногу места во вториот круг од парламентарните избори.
- Левата коалиција на Жан Лук Меленшон освои меѓу 180 и 215 места во парламентот, на второ место е коалицијата околу Макрон со 150 и 180 пратенички места, додека третото го зазеде десничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен со само меѓу 120 и 150 пратенички места иако по првиот круг имаше најдобри изгледи за победа.
- Францускиот премиер Габриел Атал најави оставка.
- Ова се предвремени избори кои ги распиша претседстелот Емануел Макрон по катастрофалните избори на неговата опција на изборите за Европскиот парламент.