- Фараж го повика Џонсон да се пробаат во ринг на „Битката за брегзит“.
- Рчнат од тамошните медиуми дали би можел да се проба со Џонсон, Фараж изјавил дека може да се справи со него порачувајќи „Борис, ако слушаш, ајде да се пробаме.“
- За сега од Џонсон нема одговор на поканата.
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека е подготвен да ги повлече украинските трупи од делови од источниот регион Доњецк кои се уште се под контрола на Киев, за да бидат прогласени за демилитаризирана зона со мировниот договор.
- Територијалното разграничување е главната пречка за договорот за крај на војната во Украина. Киев досега инсистираше Украина да ја задржи територијата што сега ја има под контрола, вклучувајќи и околу 25% од териториите на Доњецк и Луханск. Москва се уште инсистира да го добие цел Донбас, со преговори или со војна.
- Една опција би можела да биде формирање слободна економска зона во демилитаризираните области на источна Украина, изјавил Зеленски, но бара и Русија да повлече свои сили од истокот. Предлогот за демилитаризација би бил ставен на јавно гласање.
- Втората прифатлива опција за украинскиот претседател би била ефикасно замрзнување на конфликтот долж четирите копнени региони анектирани од Русија. Примирјето би било надгледувано од меѓународни сили.
- Зеленски веќе се откажа од инсистирањето Украина да му се приклучи на НАТО. Точки на судир сега се обемот на украинската војска кога ќе заврши војната и контролата и распределбата на струја од нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола уште од 2022 година. Зеленски изјави дека украинските преговарачи не постигнале консензус со САД за Доњецк и за нуклеарната централа, но додаде: „Значително ги усогласивме повеќето позиции“.